По премиерното прикажување на документарниот филм за Охридското востание (македонско-албански бунт) во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски, изминатиов месец истиот е поставен на youtube.

Македонско-албанскиот бунт односно Охридското востание се случило во септември 1913 година, на само два месеци по крваво задушеното Тиквешко востание во кое биле убиени повеќе од 1.200 луѓе од тогашната српска војска и домашните предавници и еден месец по потпишувањето на Букурешкиот договор. На чело на востанието застанале охриѓанецот Петар Чаулев и стружанецот Милан Матов, брат на Христо Матов. Биле ослободени Охрид, Струга, Дебар и Кичево во содејство на четите на ВМРО и на албански востаници. Востанието имало тајна поддршка од младата албанска држава. Биле формирани тела со мешан состав.

Инаку, во филмот на Пиперковски, наративна улога има и охридскиот историчар Никола Митровиќ.

OhridNews