Уште два дена остануваат до почетокот на Европското првенство во кошарка за мажи што ќе се игра во Словенија, а во Охрид, како и во целата држава почнува да се загрева навивачката атмосфера. Дел од навивачите веќе ги пакуваат куферите за Словенија каде се очекува Фалангата да даде силна поддршка на кошаркарите. Другите пак ќе стискаат палци и ќе навиваат од дома за момците кои пред две години во Литванија стигнаа на дофат до медал.
Натпреварите од ЕП во Охрид ќе се следат организирано по кафулињата, но и на градскиот плоштад Св. Климент Охридски, најави локалната самоуправа. Првиот натпревар македонската репрезентација го игра против Црна Гора на 4-ти септемвти во 17.45 часот.
Распоред на натпревари
Македонија – Црна Гора (04.09.2013, 17.45)
Македонија – Литванија (05.09.2013, 21.00)
Македонија – Србија (06.09.2013, 21.00)
Македонија – БиХ (08.09.2013, 14.30)
Македонија – Летонија (09.09.2013, 14.30)
Да навиваме заедно за Македонија!
OhridNews