Жителите на Кошишта бараат надлежните да извршат уредување на шумата над населбата каде поминува дел од новата пешачка патека која води до Лабино, која е се попопуларна како кај охриѓани, така и кај туристите кои секојдневно можат да се сретнат тука. Тие укажуваат дека во шумата има многу стари, оштетни и опасно накривени дрва кои претставуваат опасност по минувачичите, но најмногу стравуваат од пожар, бидејќи шумата е веднаш до куќите кои се наоѓаат под патот кој води за Горна порта.
Летото изби изби пожар од инсталација во боровата шума непосредно до куќите под патот за Горна порта, кој за среќа брзо беше изгаснат. Мештаните предупредуваат доколку не се преземат соодветни мерки во текот на зимата може да дојде до поголеми оштетувања на дрвјата.
Жителите на населбата сметаат дека со проретчување и уредување треба да се направат повеќе алтернативни патеки низ шумата заради безбедност на рекреативците во случај на пожар, но и за пристап на надлежните служби во несакани ситуации. Тие укажуваат на одредени пропуси при поставување на електричните столбови и инсталацијата кои треба наитно да се санираат. На повеќе места електричните столбови се поставени во крошни од дрва, а сувите гранки ја допираат инсталацијата.
Проблем во населбата претставува и фрекфентниот пат кој од дрварата води за Горна порта. Се повеќе овој тесен и на многу места оштетен пат го користат туристички автобуси, кои често заглавуваат затоа што нема каде да се разминат.
Жителите на населбата во неколку наврати се обратиле до одговорните за сообраќај во општината со барање за изградба на неколку таканаречени „џебови“ со што ќе се овозможи непречено разминување на автобусите и другите возила на овој пат. Очекуваат дека надлежните сериозно ќе ги земат предвид нивните забелешки и во иднина ќе обратат повеќе внимание на оваа урбана населба која покрај наведените, се соочува и со проблем со водоснабдувањето.
OhridNews

















