Бизнисменот Љупчо Палевски го посипа со боја главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Слободен печат“, Бранко Героски, пред скопското кафуле „Манда“, јавува „Макфакс“. Како што најавија, двајцата точно напладне се појавија на закажаниот двобој, кој претходно го закажаа на социјалите мрежи.
Додека Геровски со документи во рацете мавташе кон Палевски, тој врз него истури боја.
„Ќе се извиниш или не. Еве ти револуција, фарбам со национални бои – шарената револуција трае. Те фарбам како што ти фарбаше згради. Јас не сум задоволен и ја продолжуван револуцијата“, му порача Палевски.
Пресметката се случи кога двајцата претходно вербално се расправаа на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Палевски го полеа Героски со бојa
OhridNews
извор: „Макфакс“