Горан Пандев и Римски Лацио се по полуфиналето на Италијанскиот Куп совладувајќи ја Фјорентина и во реванш мечот со идентични 2-1.
По точно 300 дена “небесно –сините “ се враќаат од едно гостување со цел плен.  Победоносниот гол по додавањето на Пандев, го постигна ново влезениот Томазо  Роки. Семиоли ги доведе “виолетовите“ во водство, а на 1-1 израмни Коларов.

Продолжи импознатната серија на Интер кој не знае за пораз во италијанскиот шампионат. Интер влезот во полуфиналето го обезбеди елиминирајќи го Јувентус во Торино. Дел Пиеро и Јакинта беа стрелци за Јуве, додека шоуто го украде Балотели со два погодоци, третиот погодок беше дело на мирниот играч во Интер Хулио Круз од пенал

Пласман во полуфиналето обезбедија, Катаниа и Рома кои беа посупешни од Удинезе односно Сампдорија.

Во полуфиналето на италијанскиот куп ќе играат : Лацио – Интер, Рома – Катанија првите натпревари се на 16 Април а реванш мечевите на 7 мај.

На заостанатиот натпревар во Серија А,  Милан со голот на Џилардино минимално 1-0 ја совлада Реџина .

Возбудувањата од Италијаската Серија А продолжуваат викендов. Лацио на Олимпико ја пречекува Сампдорија, додека дербито на колото се игра на “Артемио Франки“ Фјорентина – Милан.