Пандев по брилијатната партија со Реџина и првиот хет трик во небесно-синиот дрес на Олимпко ќе ги одмерат силите со второ пласираниот Јувентус. Лидерот на табелата Интер патува во Бергамо каде ќе играат против Аталанта.


Сабота
18:00 Сиена – Реџина
20:30 Милан – Фиорентина

Недела
15:00 Аталанта – Интер, Каљари – Удинезе, Киево – Наполи, Лече – Џенова, Сампдорија – Палермо, Торино – Рома, Катанија – Болоња

20:30 Лацио – Јувентус

Табела: Интер 43, Јувентус 39, Милан 34, Наполи 33, Џенова 32

Градското дерби помеѓу Ливерпул и Евертон ќе го одбелижи 22-то премиер лигашкото коло. Црвените ќе се вадат за киксот против Стоук минатото коло. Со четири победи во низа Јунајтед патува кај Болтон кој не му е добро секавање на ѓаволите, Болтон е една од ретките екипи кој минатата сезона го совлада Манчестер (1-0). Топџиите патуваат на гостување кај незгодниот Хул. Екипата на Хул му нанесе првиот пораз на Емирати во првиот дел (2-1)
 

Сабота
16:00 Блекбурн – Њукасл, Болтон – Ман Ју, Челзи – Стоук, Ман Сити – Виган, ВБА – Мидлзброу, Сандерленд – Астон Вила

18:30  Хул – Арсенал

Недела
14:30 Вест Хем – Фулам
17:00 Тотенхем – Порстмут

Понеделник
21:00 Ливерпул – Евертон

Табела: Ливерпул 46, Ман Ју 44, Челзи 42, Астон Вила 41, Арсенал 38

Барселона е во одлична форма и сигурно чекори кон титулата во Примера, на дуелот со Депортиво треба да ја оправда фаворитксата улога. “Кралевите“ на Сантијаго Бернабеу  очекуваат “лесни“ три со фенерџијата Осасуна. Валенсија ќе има тешко гостување кај незгодниот Билбао. 

Сабота
20:00  Барселона – Депортиво
22:00  Севиља – Нумансија

Недела
17:00 Виљареал – Мајорка, Гетафе – Сантадер, Малага – Еспањол, Реал Мадрид – Осасуна, Рекреативо – Спортинг Гијон, Ваљодолид – Бетис

19:00 Атлетик Билбао – Валенсија

21:00 Алмерија – Атлетико Мадрид

Табела: Барселона 47, Реал Мадрид 35, Севиља 35, Валенсија 34, Атлетико М. 30

M.П.