Металист, Стандард, Твенте, Галатасарај и Удинезе се екипите кои обезбедија пласман во понатамошната фаза во Лига Купот на Уефа. 

Група А
Граѓаните од Манчестер ремизираа 0-0 на домашен терен против ПСЖ. Твенте со гол од офсајд позиција  го совлада 2-1 беше поуспешен од Шалке 04.


Табела: Ман Сити 7 бодови, Твенте 6, Шалке 4, Расинг 2, ПСЖ 2

Група Б
Металист со минамални 1-0 го совлада Олимпијакос и обезбеди пласман во 1/16 финалето. Единствениот погодок на Барош од белата точка беше доволен за победа  на Галатасарај над германска Херта.

Табела: Галатасарај 9 бодови, Металист 7, Олимпијакос 3, Херта 2, Бенфика 1

Група Ц
Без изненадувања во групата Ц Стандард и Севиља со индентичен резултат 3-0 ги добија натпреварите на домашен терен победувајќи ги Сампдорија односно Партизан.

Табела: Стандард 9 бодови, Севиља 6, Штудгарт 4, Сампдорија 4, Партизан 0

Група Д
Удинезе на Фриули го совлада Динамо Загреб со 2-1. Спартак од Москва беше изненаден на домашен терен од НЕЦ со 1-2.

Табела: Удинезе 9 бодови, Тотенхем 6, НЕЦ 3, Спартак М 3, Динамо 3