Македонската репрезентација доживеа висок пораз од 4-1 на гостување во Ереван во 9-то коло од квалификациите за Европското првенство во Полска и Украина. “Црвено жолтите“ одиграа уште еден меч под своите можности а Ерменија со триумфот над Македонија остана во игра за второто место кое води во баражот.

Победата на Ерменија ја наговести Пицели во 28-та минута кој ја затресе мрежата на Богатинов по асистенцијата на Мовсисјан. Шест минути подоцна односно 34-та минута домаќините имаа водство од 2-0 преку маестралниот погодок на Мктиријан.


Безизлезната ситуацијата во која се најде Македонија, ја зачини Шумуликоски кој доби втор жолт картон, австрискиот судија му додели црвен картон и му го покажа патот во соблекувалните.

Ерменија во 69-та минута има огромна предност од 3-0, најдобриот поединец на теренот Мовсисјан асистира до Газарјан кој непречен од никого ја погоди целта.


Единствена светла точка за “црвено-жолтите“ е 86-та минута кога Шиков стрелаше прецизно од корнерот на нововлезениот Лазервски. Конечните 4-1 ги постави Саркисов откако го искористи киксот на Митрески.

Поразот од Ерменија кој е шести во овој квалификациски циклус ја закова Македонија на петтото место со седум бодови. “Црвено жолтите“ в вторник против Словачка на “Филип втори“ ќе го затворат еден од најслабите квалификаcии во историјата.

Мх.П.