Невреме проследено со пороен дожд и грмежи попладнево го зафати Охрид. За кратко време наврна голема количина дожд, а вода ги преплави улиците.
Охриѓани овој мај навикнаа на врнежливото време. Речиси и да нема ден без врнежи, кога со послаб, кога со посилен интензитет, како што тоа беше случај денеска.
Слично време не очекува и во наредните денови. Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Г.М.
Видео: А.М.