Повредата на окото на Велко Маркоски добиена од ударот на Деан Бомбач се покажа сериозна и македонскиот репрезентативец ќе отсустува најмалку две недели од терените. Ракометарот со дефанзивни задачи ќе се врати во нашата земја каде ќе направи дополнителни прегледи и ќе почне со рехабилитација.

Ве известуваме дека по направените дополнителни медицински прегледи во Очната Клиника во Љубљана и добиените резултати констатирано е дека Велко Маркоски ќе треба да отуствува 14 дена (повреда на левото око, по ударот со топка од страна на Бомбач). Велко Маркоски утре вечер се враќа за Македонија каде што во понеделник ќе има дополнителни прегледи и ќе продолжи со рехабилитација. – стои во соопштението од РФМ.

Селекторот Данило Брестовац се соочи со непланиран проблем и многу брзо ќе треба да одлучи кој ќе го викне за замена или пак ќе продолжи со 19 ракометари во подготовките за ЕП.  Македонија, првиот меч на ЕП го игра на 10 јануари против селекцијата на Украина.

OhridNews