Пожарот што пред два дена изби во полето помеѓу Долно Лакочереј и населбата Радојца Новичиќ, лесно можеше да се прошири и на населените места. Огнот предизвикан од палење трска брзо се прошири по полето, а чадот кој се издигаше високо се забележуваше од Охрид. Пожарот кој успеа да го сними нашиот читател Дарко Неделкоски,   благодарение на брзата интервенција на професионалната противпожарна единица од Охрид брзо беше ставен под контрола и изгаснат.


OhridNews