На 14 септември 2011 година Македонија испиша една од најсветлите страници во својата спортска историја. Во Каунас, македонските кошаркари го совладаа домаќинот Литванија со 67:65 и се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.

Натпреварот за паметење го реши Владо Илиевски, кој на 11 секунди до крајот ја погоди легендарната тројка за водство од 66:65. Литванија не ја искористи последната шанса, а Илиевски од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат – 67:65.

Победата предизвика еуфорија низ Македонија. Се славеше и во Охрид, каде веднаш по завршувањето на натпреварот граѓаните со знамиња, песна и скандирање излегоа на плоштадот.

Фото: Емил Јовановиќ

OhridNews беше во центарот на прославата. Петнаесет години подоцна, од нашата архива објавуваме две видеа кои ја враќаат атмосферата од незаборавната ноќ – едното ја доловува прославата на охридскиот плоштад, а во другото охриѓани и познати личности ги споделуваат своите реакции непосредно по историската победа.

Атмосферата на плоштадот септември 2011 година

Македонија на Евробаскет 2011, предводена од селекторот Марин Докузовски, стигна до историското четврто место – најголемиот успех на македонската кошарка.

Охриѓани по историскиот успех

Поминаа 15 години, но сеќавањата останаа. Вака Охрид ја славеше ноќта кога Македонија ја победи Литванија.

Г. Момироски