Судејќи по видео инсертите кои вечерва осамнаа на социјалните мрежи преплавувајќи ги интернет порталите, приврзаниците на опозицискиот „Сојуз на иднината“ се наоѓаат пред Собранието.
Покрај лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, тука се уште Љубчо Георгиевски, Тито Петковски, Андреј Жерновски, Стојанче Ангелов, Фиат Цановски, Зоран Заев и останатите опозициски политичари.
Според опозицискиот блок, целта е да се спречи неуставниот обид на власта да одржи пленарна седница, при тоа донесувајќи го буџетот за идната година кој е неприфатлив.
Од спротивната страна, „Фронтот за народот„ за утре најавува протести против спротивставувањето на опозицијата околу донесувањето на буџетот.
OhridNews