Битката за титулата станува се поинтересна откако денеска  Манчестер Јунајтед и Челзи беа поразени на гостувањата кај Фулам односно Тотенхем.

Фулам на Кревен Котиџ со 2-0 го совлада бранителот на трофејот Манчестер Јунајтед. Марфи и Гера беа стрелци на головите за голема победата на Фулам.



Погодокот на хрватскиот репрезентативец Лука Модрич беше доволен за триумф на мамузите во градското дерби над Челзи.


Резултати: Портсмут – Евертон 2-1, Блекбурн – Вест Хем 1-1, Фулам – Манчестер Јунајтед 2-0, Стоук – Мидлзброу 1-0, Тотенхем – Челзи 1-0, Вест Бромвич Албион – Болтон 1-1