Принудната пауза во Супер лигата не влијаеше на формата од охридските ракометари, кои со 32-11 (19-5) го декласираа составот на Радовиш во СРЦ „Билјанини Извори“ и ја запишаа втората победа во ракометниот шампионат.

Радовиш кој во Охрид допатува во преполовен состав во ниту еден момент не беше достоен ривал за „гладијаторите“. Охриѓани фуриозно го отворија мечот и поведоа со 3-0. Охридските „сино-бели“ продолжија во ист ритам и стигнаа до водство од 10-2. На крајот од првиот дел на семафорот стоеше 19-5.

Во второто полувреме сликата на теренот не се промени. Охрид со неколку серии голови ја зголемуваше предноста и го дотолчи противникот, за конечни 32-11.

Екипата на Охрид мечот со Пролет во 4-та рунда нема да го одигра, а во 5-та силите ќе ги одмери со тимот на Струга.

Охрид: Брауновиќ (13 одбрани), Даниловски (7 одбрани), Андоновски 5, Ивановски 1, Кривокапиќ 2, Блажески 5, Костов 4, Чагаљ 3, Иваноски 3, Соколов 1, Тасески 1, Манасков, Ристески 1, Димитриески 4, Тот 2.

Радовиш: Трајковски (13 одбрани), Ситноски 1, С. Ѓорѓиев 3, Ј. Ѓорѓиев 1, Спасов, Органџиев, Марков, Трајанов, Ристов 3, Јовановски 2

OhridNews