Од 5 до 7 јуни Охрид по 10ти пат повторно ќе живее во ритамот на трчањето, забавата и дружењето. Над 2700 тркачи од 31 држава од светот ќе бидат дел од јубилејното 10 издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“. Организаторите ветуваат добра енергија, дружење и спортски содржини: полумаратон, штафетен полумаратон, трка на 5км, експо зона, ноќна трка, паста забава, панел дискусија, Warm Up со Имлек протеин, музика, забава и уште многу други активности…

Повеќе детали за настанот дознаваме од прес конференцијата на која присуствуваа Кирил Пецаков – градоначалник на Општина Охрид, Владо Аслимоски – командир на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид, како и Јоне Станкоски и Иван Цветкоски од АК „Охрид трчаТ“ – организатор на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“.

OhridNews