Милан во 1/8 финалето од “Копа Италија“ против Новара си поигра со нервите на навивачите, откако по регуларните 90-ет минути резултатот беше 1-1. Работите во колосек ги врати Пато со погодок во 100-та минута и ги одведе “росонерите“ во 1/4 финалето. 


Во регуларниот тек од мечот “росонерите“ во водсвто ги донесе Шарафи додека голот за Новара го постигна Радовановиќ.

Избраниците на Алегри во 1/4 финалето од “Копа Италија“ ќе се сретнат со Лацио.

Мх.П.