Долги години, охриѓани прават напори за враќање на туристите од Русија на охридското крајбрежје. Фактот дека Русите се познати како добри потрошувачи, ги прават едни од најпосакуваните туристи ширум светот.

Благодарение на кусата репортажа од руската телевизија НТВ, граѓаните од оваа земја имаат можност да се запознаат со  убавините на градот под Самоиловата тврдина. Но она на што имаат забелешка македонските граѓани, се информациите за одредени историски личности и настани кои се претставуваат различно од нашите гледишта.

Дали оваа репортажа покрај полемиките ќе придонесе за привлекување на руските туристи, ќе покаже времето.

OhridNews