Невреме со обилни врнежи од дожд го зафатија Охрид во текот на вчерашниот ден. Буквално се споија небо и земја, а поради силниот дожд видливоста беше намалена на само неколку метри. Невремето беше проследено со електрични празнења, па луѓето мораа да се снајдат кој како знае и умее. И во вакво невреме некои не се откажаа од велосипедот.


Според метеоролозите, слично време со услови за локално невреме не очекува и денес, а веќе од утре се најавуваат летни температури до +33 степени Целзиусови.

OhridNews