Започнува подготовката на зимница. Пазарот во Охрид понеделнички раздвижен. Забележливо зголемена понудата на зеленчук и овошје потребни за подготовка на традиционалниот македонски ајвар, лутенка, краставички во тегли, мармалади… Цените според пазарџиите се исти како и минатата година, а интересот сеуште не е толку голем од страна на граѓаните, но очекуваат побарувачката да се зголемува периодов. Куповната моќ, посочуваат, е мала, а цените кои тие ги нудат се ниски во споредба со квалитетот и трошоците кои ги имаат. Сепак зимница, можеби количински помалку, но ќе се подготвува.

Н.С.Ј.

видео. А. Момироска