Шест лица загинаа, а повеќе од десет се повредени при излетување на спортски автомобил за време на рели трката „Коруња“ во областа Галиција во Шпанија. Четири од жртвите се жени. Една од нив била била и Ана Кајацо, бремена жена на која терминот за породување и бил закажан за понеделник, 7-ми септември, пишува британскиот „Дејли Меил“.

Лекарите и советувале мирување два дена пред породувањето, а се верува дека на релито таа отишла на инсистирање на нејзиниот партнер Мигуел Каридад, инаку голем обожавател на рели трки, кој исто така смртно настрада во несреќата.

Локалната полиција соопшти дека до несреќата дошло откако еден од натпреварувачите пребрзо влегол во свиок, при што изгубил контрола и покосил дваесеттина гледачи. 

Возачот и совозачот на автомобилот минале неповредени.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изрази сочувство до семејствата на жртвите преку Твитер.

OhridNews