Познатиот охридски актер и стенд ап комичар Никола Тодороски, за вечерва подготвува втора доза креативен хумор. Второто продолжение на шоуто на годината е закажано за 20 часот во големата салка на Центарот за култура, која минатата сабота беше претесна да ги прими сите љубители на стендапот.

Никола пред охридската публика ќе се претстави со новиот, екслузивен материјал, подготвен специјално за шоуто, кое го продуцира интернет порталот „OhridNews“, каде наскоро ќе започне да се емитува популарната веб комедија „Идиотека 3“.


Дел од настапот во живо на Никола Тодороски на 17.11.2012

Интересот за репризата на стенд ап шоуто на Никола Тодороски е огромен. Влезниците по цена од само 150 денари, се продаваат во тобако „Фибос“ (трафичено сред чаршија), мјузик шоп „Зи Зи топ“, и во Центарот за култура.

Стенд ап шоуто на Никола Тодороски се препорачува на публика над 14 години!

OhridNews