Репрезентациите од стариот континент го искористија фифа терминот да одиграат пријтелски натпревари.

Гаучосите ја совладаа Франција со 0-2. Меси и Гутиерес беа стрелци на головите. Шпанија со два гола го почасти Гордиот Албион. Давид Виља во првото односно Лоренте во вториот дел беа прецизни за победа на Црвената Фурија.


Резултати: Франција – Аргентина 0-2, Шпанија – Англија 2-0, Романија – Хрватска 1-2, Србија – Украина 0-1, Португалија – Финска 1-0.