Манчестер Јунајтед со победа над Тотенхем (2-1)остана во игра за сите трофеи каде се натпреварува. Македонскиот репрезентативец Величе Шумуликоски од клупата го проследи поразот на неговиот тим од Челзи (3-1) на Стемфорд Бриџ.  


Резултати: Хартлепул – Вест Хем 0-2, Челзи – Испвич 3-1, Донкастер – Арсенал 0-0, Хул – Милвол 2-0, Кетеринг – Фулам 2-4, Портсмут – Свонси 0-2, Шефил – Чарлтон 2-1, Сандерленд – Блекубурн 0-0, Торквеј – Ковентри 0-1, Ватфорд – Кристал Палас 4-3, ВБА – Барнли 2-2, Вулфс – Мидлзброу 1-2, Ман Ју – Тотенхем 2-1

 
Старата Дама со погодокот на Маркисо славаше со минимални 1-0 над Фиорентина. Јувентус со оваа победа се израмна на врвот на табелата со нероазурите. Киево со три бода се враќа од гостувањето кај Реџина совладувајќија со 1-0.

Резултати: Јувентус – Фиорентина 1-0, Реџина – Киево 0-1.

Табела: Јувентус 43, Интер 43, Милан 37, Џенова 35, Наполи 33

Барселона со убедливи 4-1 ја совлада Нумансија и го продолжи победничкиот чекор кон титулата. Виљареал ремизираше пред своите гледачи играјќи 1-1 со Осасуна.

Резултати: Барселона – Нумансија 4-1, Виљареал – Осасуна 1-1

Tабела: Барселона 53, Реал Мадрид 38, Севиља 38, Валенсија 34

M.П.