Шведските навивачи се воодушевени од атмосферата што ја направија многу побројните македонски фанови во салата „Чаир“ во Ниш на натпреварот помеѓу националните селекции на двете земји во рамки на ЕП во ракомет. По мечот задоволни и едните и другите, па покрај дружење и пијалок, „падна“ и првата лекција по навивање во која шведски навивач учи како се пее „Излези момче“.


OhridNews