Повеќе од милион и пол луѓе присуствуваа на традиционалниот спектакуларен новогодишен огномет во Сиднеј, оценет како најраскошниот досега, а пред Австралија во новата 2016 година влегоа жителите на јужнопацифичките архипелази Самоа и Кариби, а пота Божикниот остров и Нов Зеланд.

Жителите на јужно пацифичките острови Самоа, Токелау и Кирибати прво во светот влегоа во новата 2016 година во 11 часот по средноевропско време.

Масовни прослави за дочекот на Новата година со огномети ширум Азија приредуваат и мегалополисите како Хонгконг, Сингапур и Пекинг.

Во Египет, пак, свеченостите ќе бидат организирани пред пирамидите во близина на главниот град Каиро во настојувањето на тамошната влада да го заживее туризмот по тешкиот период на политичка нестабилност и исламистичките терористички напади.

Дубаи, исто така, за Нова година ќе приреди екстравагантен светлосен спектакл со 400.000 ЛЕД сијалици кои је засветлат на највисоката градба на светот Бурџ Калифа, а за огнометот ќе бидат искористени 1,6 тони пиротехнички средства.

OhridNews
Извор: Макфакс