Лацијалите со голот на Томазо Роки во второто полувреме го совладаја Палермо со 1-0. Нероазурите со двата погодоци на Маикон ги освоија трите бода на гостувањето кај Сиена.


Резултати: Лацио – Палермо 1-0, Сиена – Интер 1-2

Табела: Интер 42, Јувентус 30, Милан 30, Наполи 30, Фиорентина 29

Денес играат:
15:00 Аталанта – Јувентус, Катанија – Рома, Каљари – Реџина, Лече – Болоња, Сампдорија – Фиорентина, Торино – Наполи, Киево – Џенова

20:30 Милан – Удинезе


Голот на Хугаин во третата минута се покажа доволен за минимална победа од 1-0 на кралевите над Валенсија.



Резултати: Реал Мадрид – Валенсија 1-0, Еспањол – Атлетико Мадрид 2-3

Табела: Барселона 39, Валенсија 30, Севиља 30, Виљареал 29, Реал Мадрид 29, Атлетико 24

Денес играат:
17:00 Спортинг – Алмериа, Депортиво – Рекреативо, Мајорка – Севиља, Нумансиа – Ваљадолид, Осасуна – Гетафе, Расинг – Малага

19:00 Виљареал – Барселона

21:00 Бетис – Атлетик Билбао


  

Сем Алардајс имаше одлично деби на клупата на Блекбурн победувајќи го Стоук со 3-0, Сандерленд со убедливи 4-1 го совлада изненадувањето на сезоната Хул.




Резултати: Болтон-Портсмут 2-1, Блекбурн-Стоук 3-0, Хул-Сандерленд 1-4, Фулам-Мидлзброу 3-0, Вест Хем-Астон Вила 0-1

Табела: Ливерпул 38, Челзи 37, Астон Вила 34, Манчестер Јунајтед 32,  Арсенал 30

Денес играат:
14:30 Вест Бромвич-Ман. Сити
16:00 Њукасл-Тотенхем
17:00 Арсенал-Ливерпул

Понеделник: 21:00 Евертон -Челзи
  


М.П.