Голем патнички авион на компанијата “KLM” имаше сериозни проблеми при слетувањето на аеродромот “Schiphol” во Амстердам, Холандија. На видео снимката која го обиколи светот се гледа како силниот ветер при слетување силно го ниша леталото, поради што пилотот во последен момент одлучил да го крене авионот повторно во воздух. По извесно кружење боингот успешно слета на аеродромот во Амстердам.

OhridNews