Кандидатот за градоначалник од ДПА, Д-р Зијадин Села, победи во вториот круг од локалните избори во Струга.
Симпатизерите на ДПА, синоќа, еуфорично славеа низ струшките улици и на плоштадот во центарот на градот, каде грмеше од пукотници од најразлично огнено оружје.
Според аналитичкиот центар на ДПА, победата на Села е изразена во повеќе илјади гласови разлика во однос на заедничкиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, Д-р Владо Кочоски.Според податоците, пак, нод нивниот аналитички центар, од 90 проценти обработени гласачки ливчиња, но без резултатите од повеќе избирачки места во Велешта, Радолишта, Франгово и Лабуништа кои ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ги оспоруваат, Зијадин Села има предност пред Кочоски од 2700 гласа, но таа се очекува да се зголеми.
Дилемата околу разликата во гласови доцна вечерва ја разреши ДИК, која соопшти дека кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и СДСM освоил 15.276 гласа, додека кандидатот на ДПА 20.770 гласа.
Од изборниот штаб на Кочоски најавија дека ќе поднесат повеќе приговори до ДИК на изборниот процес во Струга, поради низа воочени неправилности. Изборниот штаб на ДПА засега официјално не излезе со став во однос на изборите и упатените забелешки од политичките противници.