Холандски туристи прекрасно поминатиот одмор во Охрид го овековечија со уште поубав видео спот кој деновиве е хит на социјалните мрежи. На спотот тие ги претставуваат местата кои ги посетиле за време на одморот, а видеото веќе предизвика бројни позитивни коментари на Интернет. За идејата и реализацијата на видео спотот во кој се поместени природни пејзажи и места за одмор и рекреација, авторите кои одлично се забавувале за време на одморот во Охрид, заслужуваат чиста 10-ка.


OhridNews