Градските пресметки во англиската премиер лига им припаднаaа на гостите. Со 100-от премиерлигашки гол на Вејн Руни црвените ѓаволи минимално со 1-0 го совладаа градскиот ривал Сити. Со двата “истрела“ на Ван Перси во вториот дел од натпреварот Арсенал стигна до пресврт и три бода на Стемфорд Бриџ.


Резултати:

Манчестер Сити – Манчестер Јунајтед 0:1, Портсмут – Блекбурн 3:2, Тотенхем – Евертон 0:1 Челзи – Арсенал 1:2, Астон Вила – Фулам 0:0 , Мидлзборо – Њукасл 0:0, Стоук – Хал 1:1 , Сандерленд – Болтон 1:4, Виган – ВБА 2:1

Вечерва : Ливерпул-Вест Хем

Табела: Челзи 33 бодови, Ливерпул 33, Манчестер Ј. 28, Арсенал 26

Чудото од Германија, Хофенхајм продолжи со победничката серија откако на домашен терен беше совладана Арминија со 3-0. Клосе и Тони беа доволни за победа на минхенски Баерн над Леверкузен.


Резултати:

Баер Леверкузен – Баерн М. 0:2 , Хановер – Карлсруе 3:2 ,Хофенхајм – Арминија 3:0 , Борусија М. – Котбус 1:3 ,Вердер – Ајнтрахт 5:0, Штудгарт – Шалке 2:0, Бохум – Хамбургер 1:1, Борусија Д. – Волфзбург 0:0

Табела: Хофенхајм 34 бодови, Баерн М. 31, Херта 30, Баер Леверкузен 28, Хамбургер 27

Нероазурите по победата над Наполи (2-1) и поразот на Милан од Палермо (3-1) се одлепија на шест бода во трката за титула. Франческо Тоти ја потврди одличната форма на “џалоросите“ кои ја совладаа Фиорентина со 1-0.


Резултати:
Аталанта – Лацио 2-0, Каљари – Сампдорија 1-0, Џенова – Болоња 1-1, Интер – Наполи 2-1, Рома – Фиорентина 1-0, Сиена – Торино 1:0, Удинезе – Киево 0:1, Катаниа-Лече 1-1 , Јувентус-Реџина 4-0, Палермо – Милан 3-1

Табела: Интер 33 бодови, Јувентус 27, Милан 24, Наполи 24, Лацио 23

Валенсија на “Местаља“ во неизвесен натпревар ја совлада екипата на Бетис со 3-2, Виљареал со триумф од 1-2 се врати од гостувањето кај фенерџијата Рекреативо. На двапти Форлан и по еднаш Агуеро и Симао погодија во победата на Атлетико од 4-1 над Расинг.



Резултати:

Рекреативо-Виљареал 1-2, Малага-Осасуна 4-2, Билбао-Нумансија 2-0, Еспањол-Гијон 0-1, Алмерија-Депортиво 0-1, Ваљодолид-Мајорка 1-2, Валенсија-Бетис 3-2, Атлетико М-Расинг 4-1, Гетафе – Реал Мадрид 3:1 , Севиља – Барселона 0:3 

М.П.