Гласот на младите денес е потивок од кога и да било. Маргинализирани, игнорирани, неискористени, тие се’ повеќе се затвораат во себе. Таквата состојба раѓа незадоволство, бес, но и фрустрации, што заедно со состојбите во општеството се причина голем дел од нив иднината да ја гледаат далеку од тука.

Но, има и млади кои решиле да се борат и на креативен начин да се обидат да го свртат вниманието на општествените чинители кон суштинските проблеми кои ги мачат генерациите кои се иднината на оваа земја. Решени се да го кренат својот глас и да се изборат за своето место под сонцето, пред кое стои огромната сенка на гломазниот и инертен систем кој нема ниту слух, ниту стратегија како да ја канализира и искористи бескрајната енергија на младите за позитивни промени.

Со една таква идеја, неколкумина млади од Охрид минатата година ја креиреаа креативната платформа –  Културолошка иницијатива „5 до 12“, која на инвентивен начин се бори за квалитативни промени во општеството. Зад нив се дузина успешни акции, културни настани, работилници, хуманитарни и еко активности, кои анимираа голем број млади. Но го слуша ли некој нивниот глас?

Што ги мачи младите во Охрид, што им смета, што им треба, што сакаат? Погледнете во видео разговорот со активистите од Културолошка иницијатива „5 до 12“, што го подготви екипата на OhridNews.

Младите го креваат гласот во општеството

Г.М.