Серија мини изненадувања ги одбележаа првите натпревари од 1/16 финалето во Уефа Купот. 

Сигурни патници во понатамошната фаза се Хамбургер кој со 3-0 го совлада Нец Најмеген на гостувањето во Холандија,  како и Сент Ентјен кој убедливо со 3-1 го совлада Олимпијакос на домашен терен. Алборг со 3-0 го совлада Депортиво.

Бранителот на трофејот Зенит со победа на Штудгарт (2-1) ја започна одбраната на трофејот. ПСЖ на ревнашот во Германија ќе патува со два гола предност, исто како и Брага која со 2-0 го совлада Стандард.


Росонерите мораа да се задоволат со 1-1 на Весер стадионот во Бремен. Инзаги донесе предност во порвиот дел која ја анулираше Диего на пет минути пред крајот.

Резултати:
Динамо Киев – Валенсија 1:1, Зенит – Штутгарт 2:1, Олимпијакос – Сент Етиен 1:3, Астон Вила – ЦСКА Москва 1:1,  Вердер – Милан 1:1, Бордо – Галатасарај 0:0, НЕК – Хамбургер 0:3, Париз Сент Жермен – Волфсбург 2:0, Сампдорија – Металист 0:1,  Алборг – Депортиво 3:0,  Брага – Стандард

Денес играат:
Лех – Удинезе, Шахтјор – Тотенхем, Копенхаген – Манчестер Сити, Фиорентина – Ајакс, Олимпик Марсеј – Твенте

М.П.