Селекцијата на Португалија на средината од првиот дел во финалето против Франција остана без Кристијано Роналдо кој поради повреда мораше да го напушти натпреварот.
Капитенот на „европските бразилци“, Роналдо односно неговото колено настрада по дуелот со Димитри Пајет. Роналдо падна како покосен, а фаулот главниот судија Марк Клатенбург не го санкционираше.
И повреден Роналдо два пати се врати во игра, но болката очигледно беше поголема од желбата за игра.
OhridNews