Второпласираниот во второлигашката конкуренција Фк Охрид во 21-то коло пред себе има пеколно гостување кај третопласираниот Миравци. “Прва свирка“ на дербито е интернационалецот Горан Спиркоски од Прилеп. Помошници на Спирскоски ќе му бидат неговите сограѓани Костоски Зоран и Димовски Љупчо.


Арбитарот Спиркоски со себе носи добри спомени за “рибарите“ на центарот со него Фк Охрид  во 19-то коло оствари победа во дербито на “Атина Бојаџи“ со Тиквеш од 3-0.

Во првиот натпревар охриѓани беа поуспешни од Миравци со минимални 1-0. Чуварот на мрежата Карамачоски беше прецизен од белата точка за големи три бода на “рибарите“.

Мх.П.