Неизмерна радост и задоволство кај младиот Марко кој е аутистично момче, предизвика хуманиот гест на охриѓанецот Славчо Филипче и Црвениот крст од Охрид, кои му ја исполнија големата желба за прв пат да го посети Охрид. Семејството Филипче ширум ги отвори вратите за Марко и неговата мајка, а Црвениот крст, хумани луѓе и донатори обезбедија средства за покривање на трошоците за престојот во Охрид за време на кој Марко ги посети Св. Наум, Заливот на коските, Струга и други места.

A.M.