Со голем огномет и со традиционалното преставување на земјите учеснички меѓу кои се наоѓа и Македонија стартуваа Олимписките игри во Рио.
На разно разните спортски боишта ќе продефелираат вкупно 10 500 спортисти од 206 земји, а Македонија има шест свои преставници.
Прва ќе го скрши мразот охриѓанката Нина Балабан која деби на Олимписките игри ќе има во дисциплината стрелаштво односно гаѓање со воздушна пушка десет метри.
Потоа ќе настапат останатите пет македонски олимпијци Ристе Пандев и Дрита Исљами (атлетика), знаменосецот Анатасија Богдановски и Марко Блажевски (пливање) и џудистката Катерина Николовска.
OhridNews