Видео: Светиот крст и годинава во рацете на Мартин Гоџо од Варош
19.01.26 10:22
Мартин Гоџо од Варош го фати светиот крстот што на празникот Богојавление Водици, денеска, беше положен во осветените води на Охридското Езеро. Тој беше најсреќен помеѓу неколкуте стотини капачи. Мартин светиот крст го фати и минатата 2025 година и во 2022 година.
Светиот крст во водите на Охридското Езеро беше положен од градското пристаниште, а чинот на полагањето го изврши Дебарско – кичевскиот митрополит Георгиј.
Традиционално, фаќачот на крстот заедно со неговата тајфа денеска ќе ги посетат домовите на охриѓани честитајќи им го големиот празник Богојавление – Водици.
На светиот чин присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за транспорт и врски Александар Николоски, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков како и претставници од дипломатскиот кор и останати претставници од политичкиот и јавниот живот во државава.
Настанот на градското пристаниште во Охрид го проследија голем број граѓани од Охрид, земјава и светот.
Жителите на Елшани и годинава традиционално во раните утрински часови го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици Во 5 часот започна утринската богослужба во селото, на која пр...
Чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици започнаа утрово во 7 часот со богослужби во охридските парохиски цркви Литиите од трите цркви „Св Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Бо...
По повод големиот верски празник Богојавление Водици голем број верници утрово се упатија во црквите на богослужбите Богослужбите во охридските парохиски цркви почнаа во 7 часот наутро Централната ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.