Притисокот што го трпи Охридското Езеро е исклучително голем. Неконтролирано големиот број пловни објекти со мотори на внатрешно согорување, прекумерна урбанизација, разните градби во литоралот, прекумерниот дозволен и недозволен риболов, некомплетно функционалниот колеторски систем… На се ова сега се придодаде и оваа четириколка со скопски регистрации која граѓани ја „уловиле“ како вози низ езеро кај Лагадин.

Охридското Езеро е светско природно наследство заштитено од УНЕСКО, но (не)грижата кон него почнува да зазема епски размери. Како поинаку може да се објасни ваквото однесување кон најзначајното природно богатство што го има државата?

OhridNews