Интер и Сампдорија се првите патници во полуфиналето во италијанскиот куп.

Интер со 2-1 беше поуспешен од екипата на Рома во купот на Италија. Самдорија по изведувањето на пеналите го елиминираше Удинезе натпреварот заврши со 1-1.


Резултати: Интер – Рома 2-1, Удинезе – Сампдорија 1-1 (1-4 по пенали)

Четврток
21:00ч Лацио – Торино

Мечот меѓу Наполи и Јувентуса ќе се одигра на 4 февруари.

Тотенхем е вториот финалист во Карлинг купот на Англија. Бранителот на трофејот пласманот го обезбеди во продолжението отако во регуларните 90 минути губеше со 3-0 од Барнли. Павличенко и Дефо беа стрелци на одлучувачките погодоци.


Резултат: Барнли – Тотенхем 3-2

Финалето од Карлинг купот се игра на 1 март помеѓу бранителот на трофејот Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Валенсија на реваншот во Севиља ќе патува со предност од еден гол откако на Местаља ја совлада екипата на Севиља со 3-2. Градското дерби помеѓу Еспањол и Барселона во купот на Шпанија заврши без победник 0-0.

Резултати: Валенсија – Севиља 3-2, Еспањол – Барселона 0-0

М.П.