48-годишниот велосипедист од Иран Бахман Голбарнезхад почина по пад на трка на параолимписките игри што се одржуваат во Рио, пренесеуваат светските агенции.

Тој доживеал тежок пад по судир со друг велосипедист, на дел од патеката каде се постигнуваат поголеми брзини. Веднаш бил пренесен во болница каде починал од срцев удар.

OhridNews