Без победник 0-0 заврши шампионската пресметка на Сан Сиро. Италијаните се тие кои треба се позадоволни од ремито без голови. Бранителот на трофејот Манчестер Јунајтед ја контролираше играта ги имаше најубавите прилики но најдобриот играч на светот Роналдо не успеа да го совлада расположениот Жулио Цезар.



Арсенал е единствената екипа која со предност ќе патува во реванш натпреварите. Топџиите со погодокот на Робин ван Перси од пенал славеа со миниминални 1-0 над Рома.

Жуњино го доведе Лион во предност по седум минути игра. Точно еден час траеше водството на домаќините откако Анри израмна на 1-1.

Немаше победник ниту во Ибериската пресметка помеѓу Атлетико Мадрид – Порто 2-2 ( 3` Родригез, 45` Форлан – Лисандро 22`,  72`).

Реванш мечевите се играат на 11 Март.

М.П.