Најдобриот фудбалер за измината година во Македонија, Иван Тричковски го постигна единствениот погодок за АПОЕЛ во поразот од Алки со 2-1.

Четири минути од мечот му беа потребни на “Тричко“ да го доведе во водство АПОЕЛ, домаќините со погодоците на Либерт во 35 и 93-та минута го свртеа резултатот во своја полза.

После поразот АПОЕЛ лидерското место му го препушти на АЕЛ кој на гостински терен триумфираше со убедливи 4-0 над Енозис.

Мх.П.