Крајно необична и несекојдневна случка доаѓа од четвртата лига по квалитет во Англија. Имено, мечот помеѓу Форест Грин и Вајкомб кој заврши во корист на гостите (2-1) гo одбележаа црвени картони на татко и син.

Чарли Купер кој е син на Марк доби директен црвен картон во 39-та минута поради намерен старт, а само минута подоцна на трибините замина и таткото кој е менаџер на Форест Грин поради некултарната реакција кон главниот судија Ентони Когинс.

Форест Грин не е прв пат во фокусот на светската јавност. Клубот на насловните страници во светот се најде после одлуката на челниците да исфрлат органска храна од клупското мени и се` што е поврзано со органска материја.

OhridNews