Шпанскиот репрезентативец Јоан Кањелас и хрватскиот интернациналец Лука Циндриќ со маестралната игра во триумфот над Рајн Некар Левен си обезбедија место меѓу најдобрите седум за седмата рунда од Лигата на Шампиони.
„Лавовите“ немаа одговор за тандемот Кањелас-Циндриќ кој искомбинира 17 голови. Еден од десетте голови на Шпанецот се наоѓа меѓу најдобрите пет погодоци на колото.
Да ги има „вардарци“ секаде во изборот за најдобрите се погрижи Арпад Штербик. Една негова интервенција се најде на четвртата позиција во изборот на најдобрите пет.
Видео прилогот од идеалниот тим можете да го поглендете тука, изборот на најдобрите голови и одбрани можете да ги погледнете тука и тука.
Идеалниот тим:
Лево крило: Уве Геншајмер (ПСЖ)
Лев бек: Јоан Кањелас (Вардар)
Среден бек: Лука Циндриќ (Вардар)
Десен бек: Рамазан Доне (Бешикташ)
Десно крило: Алберт Рокас (Ла Риоха)
Пикер: Лудовик Фабрегас (Монпеље)
Голман: Гонзало Перес де Варгас (Барселона)
OhridNews