Жителите на булеварот „Туристичка“ ги мачи бучавата од бесните мотори кои навечер татнат по најфрекфентната сообраќајница во градот. Иако ограничувањето на брзина на оваа улица е 50 километри на час, несовесни моторџии не ги почитуваат прописите и возат како да се на тркачка писта. Локалните жители немаат сон од дивеењето на моторџиите, но многу позагрижувачки е тоа што во опасност се доведуваат животите на луѓето кои се движат по булеварот.

OhridNews