Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и Олимпик Марсеј во ист ден ги изрекоа казните за Патрис Евра кој удри навивач на својот тим на дуелот со Виторија Гимараеш во Лигата на Европа.
УЕФА францускиот интернационалец го суспендираше седум месеци од своите натпреварувања, додека клубот како што и најави му го раскина договорот.
Дел од навивачите на Олимпик Марсеј застанаа во негова одбрана, но дел го осудија, а управата на клубот му го раскина договор со образложение дека ги нарушил сите кодески за однесување.
Евра, најверојатно нема долго да остане без ангажман, бидејќи интерес за него покажуваат екипи од Премиер лигата.
OhridNews