100 учесници од 14 различни земји беа дел од годинешното издание на „Lake Ohrid SUP Crossing“ што се одржа во водине на Охридско Езеро во организација на Paddle Klub.

Оваа година имавме 3 категории и тоа, 23км Трка за веслачи со тврди даски и даски на дување како и 26км Авантура наменета за рекреативни веслачи. Апсолутен победник во професионалната трка од 23км кај мажите и оваа година беше Словенецот Лука Кожар (2h31m) а кај девојките пак победи 16 годишната веслачката Лена Новак од Полска (2h41m). Во трката со даски на дување најбрзо време кај мажите имаш Горан Смирчич од Хрватска (3h02m) а најбрза кај жените беше Тунде Моравцик од Унгариja (3h16m). На наше огромно задоволство, сите веслачи успешно стигнаа до целта без потешкотии и без откажувања, вели Дамјан Петрески, од Paddle Klub.

OhridNews












