Минатата 2025 беше плодна за НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Реализирани беа над 30 проекти како дел од Годишната програма за работа финансирана од страна на Министерството за култура и туризам, посочуваат од Установата.
Главен настан беше враќањето на Пчињското евангелие кое датира од крајот на 16 век во Библиотеката. Тоа до октомври 2025 беше на реставрација во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и близу десет години се чуваше во нивниот трезор. По втор пат лани станавме добитници на наградата „Јаков од Камена Река“ за најиздавачи на ниво на Македонија, велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.
Потенцираат дека Библиотеката за оваа 2026 година во Министерството за култура и туризам има конкурирано со 45 нови проекти во библиотечната, издавачката и меѓународната дејност, фестивалите, секторот за инвестиции и за првпат во секторот за евроинтеграции.
OhridNews












