Фудбалерите на Реал Мадрид и Реал Сосиедад со „шпалир“ го испратија од теренот легендарниот играч на „Кралскиот клуб“, Лука Модриќ, кој денеска го одигра последниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“.
Модриќ не можеше да ги сокрие емоциите додека од трибините одекнуваше громогласен аплауз. На теренот се спушти и пензионираниот Тони Крос, а тука беше и семејството на Лука кому почит му искажа и големиот Дон Карло Анчелоти.
Luka Modric bids farewell to Bernabeu (full video)
byu/WhySoWeirdUsername inrealmadrid
Хрватскиот интернационалец мина незаборавни години во дресот на Реал со кој покрај многуте домашни титули освои и шест трофеи во Лигата на шампионите.
Последниот танц во дресот на Реал Лука Модриќ ќе го има на Светското клупско првенство во САД кое почнува во јуни.
Г.М.